Saturday, September 28, 2019

1.2.3 Дефинирање на операции со множества со помош на логички операции

Во овој дел ќе се задржиме да ги објасниме операциите:

  • комплемент на множества
  • пресен на множества
  • унија на множества
  • разлика множества

Овие операции нам ни се познати од основно образование, разликата е тоа што сега ќе ги објаснуваме со помош на логичките операции ¬, ∧, ∨ .
1. Нека А е множество, дефинираме:

Ac={x | x ∉ A}

На овој начин дефиниравме комплемент на множеството А со помош на логичката операција негација.

2. Нека ни се дадени две множества А и В дефинираме

А∩В={x|x∈А ∧ x∈В}
На овој начин ја дефинираме операцијата пресек на две множества со помош на логичката операција конјункција

3. Нека ни се дадени две множества А и В дефинираме

А∪В={x|x∈А ⋁ x∈В}

На овој начин ја дефинираме операцијата унијa на две множества со помош на логичката операција дисјункција
4. Нека ни се дадени две множества А и В дефинираме

А\В={x|x∈А ∧ x∉В}

На овој начин ја дефинираме операцијата разлика на две множества со помош на логичките операции конјункција и негација



No comments:

Post a Comment