Секој ден на улица, во училиште или дома се среќаваш со реченици од различен вид.
На пример:
На пример:
- Реката Вардар минува низ Велес.
- Живата е метал во течна состојба
- Дијагоналите на ромботе се еднакви.
- Бројот 8 е парен број.
Секоја од овие реченици е осмислена искажува едно тврдење за кое може да кажеме дека е вистинито или невистинито. Ваквите реченици се викаат искази.
Во иднина со малите латинични букви p,q,r,s,t ......и.т.н ќе ги означуваме речениците,
(На пример: 1. Реченицата р:„Реката Вардар минува низ Кочани“, е исказ и тоа неточен.)
а со 𝒯(р) ќе ја означуваме логичката (вистинитосна) вредност на исказот р (која може да биде ⊤-точна и ⊥-неточна). Во нашиов пример таа е 𝒯(р)= ⊥
Значи да заклучиме:
Значи да заклучиме:
- Имаме множество реченици (тоа е најголемото множество) нив ги означуваме со малите латинични букви p,q,r,s,t ......и.т.н .
- Од множеството реченици само оние реченици кои имаат смисла и кои се или вистина или невистина се викаат исказ.
- логичката (вистинитосната) вредност на еден исказ р, ја означуваме со 𝒯(р).
No comments:
Post a Comment